• вторник, 24 декември 2024

Мафијашкиот „дон“ Матео Месина Денаро е префрлен во затвор со со максимална сигурност

Мафијашкиот „дон“ Матео Месина Денаро е префрлен во затвор со со максимална сигурност

Рим, 18 јануари 2023 (МИА) - Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во понеделникот по 30 години бегство, е префрлен во затвор со максимална безбедност во централната провинција Аквила.

Италијанската државна агенција АНСА соопшти дека објектот е опремен за строг затворски режим, попознат како „41-бис“, на кој се подложени осуденици од мафија.

Според италијанскиот закон, затворскиот режим „41-бис“ е резервиран за членовите на мафијата.

Со оглед на фактот дека Денаро е болен изборот на затворот е логичен бидејќи се наоѓа во близина на онколошкиот центар во болницата во Аквила. Пред апсењето, 60-годишниот мафијашки бос бил во клиника во Палермо каде повеќе од една година се лекувал од рак.

Денаро е шеф на сицилијанската мафија Коза Ностра.

Тој беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиствата на антимафијашките обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година.

Нему му се заканува и доживотна казна затвор за учество во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во 1993 година, во кои загинаа десет лица. сд/

Остани поврзан