МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани
- Стопанската Комора на Македонија - Турција МАТТО и нејзините членки донираат 3 300 000 денари за поддршка на семејствата погодени од трагедијата во Кочани.

Скопје, 21 март 2025 (МИА) - Стопанската Комора на Македонија - Турција МАТТО и нејзините членки донираат 3 300 000 денари за поддршка на семејствата погодени од трагедијата во Кочани.
-Голема тага и жал не обви сите нас. Посакуваме повредените што побрзо да се опорават и да се вратат во прегратките на своите најблиски. Длабоко сочувство до семејствата на загинатите, воедно и искрени желби за брзо опоравување на повредените. Молитвите на членовите на МАТТО се со семејствата на настраданите и семејствата на жртвите во Кочани, наведува Комората.
МАТТО нагласува дека ќе продолжи да го поддржува Црвениот крст и неговите хуманитарни иницијативи за еднакво општество. мч/са/
фото: МИА архива