• сабота, 23 ноември 2024

Матеус: Тухел сè уште е под притисок во Баерн

Матеус: Тухел сè уште е под притисок во Баерн

Минхен, 25 февруари 2024 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Лотар Матеус ја оцени позицијата на главниот тренер Томас Тухел во тимот. Тренерот ќе го напушти тимот на лето.

- Оваа одлука беше очигледна, мораше да се донесе. Беше кажано дека Томас ќе остане на чело на тимот до крајот на сезоната, но за тоа да се случи резултатите ќе треба да бидат константни. Во спротивно ќе си замине порано. Затоа Тухел е под притисок, изјави Матеус за „Скај Спорт Германија“.

Тухел го презеде Баерн во март 2023 година. Клубот нема да го продолжи договорот на 50-годишниот Германец кој е со важност до крајот на јуни 2024 година.

Тимот од Минхен заостанува осум бода зад водечкиот Баер Леверкузен во Бундеслигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан