Матеус за Златната топка на Меси: Тоа е фарса, иако јас сум навивач на Лионел, тој победи неправедно
- Поранешниот германски фудбалер Лотар Матеус верува дека Ерлинг Халанд требало да ја добие Златната топка, а не Лионел Меси.

Берлин, 31 октомври 2023 (МИА) – Поранешниот германски фудбалер Лотар Матеус верува дека Ерлинг Халанд требало да ја добие Златната топка, а не Лионел Меси.
Вчера Аргентинецот по осми пат ја освои наградата. Доделувањето на наградата се одржа во Париз во театарот „Шателе“.
- Цела минатата година Халанд играше подобро од Меси. Лионел победи неправедно. Но, тоа покажува дека Светското првенство е важно повеќе од било што друго. Мислам дека Халанд е најдобриот играч во последните 12 месеци, освои важни трофеи со Манчестер сити и собори голгетерски рекорди. За мене никој не го победува Халанд. Ова гласање е фарса, иако јас сум навивач на Меси, изјави Матеус.
Ерлинг Халанд го зазеде второто место во гласањето. Норвежанецот го освои трофејот Герд Милер како најдобар стрелец во сезоната 2022/23. зс/
Фото: ЕПА