• вторник, 24 декември 2024

Матески: Со број 12 за советничката листа на СДСМ и Коалицијата, општина Гостивар конечно ќе тргне напред

Матески: Со број 12 за советничката листа на СДСМ и Коалицијата, општина Гостивар конечно ќе тргне напред
Гостивар, 14 октомври 2021 (МИА) - Станиша Матески, носител на листата на СДСМ и коалицијата за членови на Советот на Гостивар во обраќање на митингот на гостиварскиот градски плоштад вети дека наредните години ќе се бори за реализација на многу проекти, меѓу кои и реконструкција на спортската сала „Младост“ со поставување на фотоволтаични панели, проширување и целосно реновирање на спортската сала во ОУ „Гоце Делчев“, реконструкција на сите детски градинки и изградба на нова градинка во населбата Млаки. Тој зборуваше за проблемите кои го мачат населението и вети дека советничката група на СДСМ ќе се залага за дислокација на регионалната депонија и изградба на подземни контејнери, како и одржување и зголемување на зелените површини, за почиста околина и почист воздух. - Нашите гостиварчани и гостиварчанки заслужуваат за градот да се грижат лица кои не се водат од сопствените себични, и лични интереси, затоа во недела заокружете го бројот 12 да го изберете најдоброто на нашата општина. За нашиот Гостивар, затоа што Гостивар, како град на пример за соживотот заслужува конечно да тргне напред, повика носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата за општина Гостивар Станиша Матески. Тој се осврна и на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за албанците нарекувајќи ги расипнички тандем, бидејќи како што нагласи, нив не ги интересираат граѓаните, туку се водат само од сопствените себични партиски интереси. Меѓу поважните проекти за кои ќе се залага во општинскиот совет според Матески за СДСМ ќе бидат субвенции за електронски уреди за ученици од основното и од средното образование, стипендии за ученици од семејства во социјален ризик и еднородителски семејства, повеголема зелена површина, пешачки и велосипедски патеки, и како најважно го истакна уредувањето на пешачката патека долж течението на реката Вардар, од поранешната кланица до селото Вруток. згм/свс/

Остани поврзан