Матевски победник на пингпонгарскиот турнир за ветерани во Куманово
- Филе Матевски е победник на ветеранскиот пингпонгарски турнир во Куманово одржан викендот по повод Денот на ослободување на градот 11-ти Ноември.
Куманово, 11 ноември 2024 (МИА) – Филе Матевски е победник на ветеранскиот пингпонгарски турнир во Куманово одржан викендот по повод Денот на ослободување на градот 11-ти Ноември. На овој 14-ти по ред турнир настапија многу од повозрасните вљубеници во спортот.
Пласман на најдобрите:
1. место Филе Матевски
2. место Мирослав Симиќ
3. место Боро Варошлија и Вили Ангелов.
Исто така, во текот на вчерашниот ден започна новата сезона во Јуниорска лига за мажи и жени.
Резултати:
1. коло, машки:
Патриоти - Дебар Маало 0:3
Куманово - Астраион 0:3
Рисови - Младост 96 0:3
Пелагонија - Пелагонија 2 0:3
Екипата на Борец ТИМ е слободна во првото коло
2. коло:
Младост 96 - Пелагонија 1:3
Астраион - Рисови 3:0
Дебар Маало -Куманово 0:3
Борец ТИМ - Патриоти 0:3
Екипата на Пелагонија е слободна во второто коло
3. коло:
Куманово - Борец ТИМ 3:0
Рисови - Дебар Маало 0:3
Пелагонија - Астраион 1:3
Пелагонија 2 - Младост 96 0:3
Женски - есенска полусезона:
Младост 96 - Пелагонија 3:0
Пелагонија - Младост 2:3
Младост - Младост 96 2:3. зс/
Фото: ППФМ