• сабота, 23 ноември 2024

Матарела: Сега ни треба силата што ја роди новата Италија пред 75 години

Матарела: Сега ни треба силата што ја роди новата Италија пред 75 години
Рим, 25 април 2020 (МИА) - Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска ја повика нацијата да се спротивстави на епидемијата на Ковид-19, на економската и социјалната криза што ја опфаќа Италија, со упорноста и храброста на оние кои му овозможија на италијанскиот народ пред 75 години да „ја преземе својата судбина во сопствени раце“. - Мораме да ги обновиме оние позитивни енергии што доведоа до повторното раѓање на Италија, им порача Матарела на Италијанците во пораката до нацијата по повод празникот Ослободување на Италија, кој се слави на 25 април, денот на победата над диктатурата на фашизмот и нацистичката окупација. - Идејата за моќ, супериорност на раса, угнетување на еден народ против друг, на почетокот на Втората светска војна и отстапи место на соработката во слобода и мир, а во согласност со тој избор, подоцна се роди Европската заедница, рече Матарела. Тој ги повика Италијанците способноста и знаењето како да ги надминат несаканите проблеми што ги покажаа во минатото, да ги употребат и денес, во тешко време на епидемија која уби многу животи, да работат заедно за повторно воспоставување и обновување на капацитетите за економски и социјален развој. За првпат откако се слави овој празник, Италијанците не можат да учествуваат во свечени паради, ниту на концерти. Поради епидемијата на коронавирус, забрането е јавно собирање и тие мора да останат дома. јт/

Остани поврзан