• четврток, 26 декември 2024

Мас: Треба да се укине правото на вето на одредени земји-членки на ЕУ

Мас: Треба да се укине правото на вето на одредени земји-членки на ЕУ
Берлин, 7 јуни 2021 (МИА) - Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска изјави дека на одредени земји-членки на Европска Унија треба да им биде одземено правото на вето. - Повеќе не можеме да бидеме заложници на оние кои преку своето вето ја парализираат европската надворешна политика. Тој што го прави тоа, си игра со единството на Европа на краток или долг рок. Затоа отворено кажувам: ветото мора да се укине, истакна Мас. Тој, за време на средбата со шефовите на германските дипломатски мисии, истакна дека ЕУ мора да се залага за зачувување на глобалната економија и слободна трговија во светот, спротивставувајќи се на протекционистичките тенденции. ми/

Остани поврзан