Мас: Одлуката на Москва ја направи ситуацијата уште потешка
- Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас реагираше на објавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Москва ја затвора мисијата на НАТО во Брисел.

Берлин, 18 октомври 2021 (МИА) - Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас реагираше на објавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Москва ја затвора мисијата на НАТО во Брисел, истакнувајќи дека одлуката „ја направи ситуацијата уште потешка“.
- Ова ќе ги направи работите уште потешки, иако тие веќе се доволно тешки. Германија побара од НАТО да влезе во дијалог со Русија, изјави Мас по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Тој додаде дека Русија претходно посочи дека сака да разговара.
- Мораме да признаеме дека Русија не сака. Тоа е повеќе од жално, таа одлука што беше донесена во Москва ... Тоа сериозно ќе ги наруши односите, нагласи Мас.
Пратеник на која било земја - членка на НАТО може, во име на целата Алијанса, да одржи итен контакт со руската страна, откако Русија одлучи да ги повлече акредитациите за персоналот на НАТО во Москва од 1 ноември, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.