• четврток, 20 февруари 2025

Мастерсот во Рим би можел да стане петти Грен слем

Мастерсот во Рим би можел да стане петти Грен слем

Рим, 18 февруари 2025 (МИА) - Италијанската тениска федерација има намера да го направи Мастерсот во Рим петти Грен слем турнир, објави весникот „La Stampa“.

Тамошната тениска федерација веќе упатила понуда до организаторите на мастерсот во Мадрид, кој се одржува една недела пред турнирот во Рим, да го откупат натпреварувањето за 550 милиони долари. Така, Италијанците ќе го продолжат турнирот во главниот град на земјата на две недели.

Забележано е дека на федерацијата ќе и треба одобрение и од комисија составена од организатори на четирите актуелни Грен слем турнири.

Четирите најголеми турнири во текот на една сезона се Австралија Опен (Мелбурн), Вимблдон (Лондон), Ролан Гарос (Париз) и УС Опен (Њујорк). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан