• сабота, 23 ноември 2024

Масовно тестирање на 1,3 милиони жители во централниот дел на Шангај

Масовно тестирање на 1,3 милиони жители во централниот дел на Шангај
Шангај, 28 октомври 2022 (МИА) - Властите на кинескиот град Шангај денеска наредија масовно тестирање за Ковид-19 на 1,3 милиони жители на централната област Јангпу. Тестираните не смеат да го напуштат нивниот дом до добивањето на резултатите. Слични мерки беа воведени и за време на летото, кога дојде и до двомесечно затворање на целиот град од 25 милиони жители. Кина не се откажува од строгата политика за сузбивање на епидемијата на коронавирусот. Антиковид мерки се воведени низ целата земја, од Шангај на исток до Тибет на запад. Во земјата најавени се и протести поради строгите карантински мерки. Во Кина денеска имаше регистрирано 1.337 нови и главно асимптоматски случаи со коронавирус. Смртни случаи не се евидентирани. бд/са/

Остани поврзан