• сабота, 22 февруари 2025

Маск: Ќе ја повлечам понудата за Опен АИ доколку компанијата остане непрофитабилна

Маск: Ќе ја повлечам понудата за Опен АИ доколку компанијата остане непрофитабилна

Вашингтон, 14 февруари 2025 (МИА) - Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека ќе ја повлече понудата од 97,4 милијарди долари за непрофитната организација што го контролира Опен АИ (OpenAI) под услов извршниот директор на компанијата Сем Алтман да се откаже од својот план да ја претвори компанијата, што е зад ChatGPT, во „профитен ентитет“.

„Доколку одборот на Опен АИ е подготвен да ја зачува мисијата на добротворната организација и одлучи да го отстрани знакот 'за продажба' од своите средства со запирање на конверзијата, Маск ќе ја повлече понудата“, изјавија адвокатите на Маск во поднесок пред судот во Калифорнија.

Алтман ја одби понудата на Маск претходно оваа недела, нагласувајќи дека Опен АИ „не е на продажба“. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан