• сабота, 23 ноември 2024

Маск ја именуваше Линда Јакарино од Ен-Би-Си Јуниверзал за извршен директор на Твитер

Маск ја именуваше Линда Јакарино од Ен-Би-Си Јуниверзал за извршен директор на Твитер

Сан Франциско, 12 мај 2023 (МИА) - Илон Маск ја именуваше поранешната главна маркетинг директорка на NBC Universal, Линда Јакарино, за нова извршна директорка на Твитер, во момент кога компанијата се обидува да се избори со падот на приходите од реклами.

Јакарино ќе ја преземе оспоруваната и оптоварена со долгови социјална платформа откако помина неколку години во модернизирање на маркетингот во NBC Universal во сопственост на Comcast Corp.

На крајот на 2022 година, Маск објави дека планира да се повлече од челната позиција на Твитер, но само кога ќе најде и назначи наследник.

Тој стана извршен директор на мрежата откако ја купи таа интернет платформа во октомври 2022 година за околу 44 милијарди евра, но веднаш стави до знаење дека тоа не е трајно решение.

Милијардерот Маск е сопственик на компанијата за електрични возила Tesla и SpaceX за производство на вселенски летала.

Периодот што го помина како извршен директор на Твитер беше обележан со хаос и контроверзии, јави ДПА. зш/

Остани поврзан