• недела, 22 декември 2024

Маск се сретна со иранскиот амбасадор во ОН за смирување на тензиите во времето на Трамп

Маск се сретна со иранскиот амбасадор во ОН за смирување на тензиите во времето на Трамп

Њујорк, 15 ноември 2024 (МИА) - Илон Маск имал средба со иранскиот амбасадор во ОН во, како што е наведено, обид за смирување на тензиите меѓу Техеран и Вашингтон, објави Њујорк Тајмс.

Цитирајќи двајца ирански функционери, американскиот весник ја опиша средбата меѓу технолошкиот милијардер и амбасадорот Амир Саид Иравани како „позитивна“.

Откако жестоко ја поддржа кампањата на Доналд Трамп за Белата куќа, се чини дека најбогатиот човек на светот доби уште поиздигната позиција во коридорите на моќта отколку што беше задолжен за намалување на федералниот отпад, како што беше објавено претходно оваа недела, наведуваат американските медиуми.

Маск и амбасадорот се состанаа повеќе од еден час на тајна локација во понеделникот, според извештајот на Њујорк Тајмс. Ниту тимот на Трамп, ниту мисијата на Иран во ОН не ја потврдија средбата.

Двајцата ирански функционери изјавија за американскиот весник дека средбата со Маск е да се обезбеди решение за Иран, дозволувајќи му да избегне директна средба со американски функционер бидејќи Маск се уште нема позиција во претстојната администрација. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан