• вторник, 27 август 2024

Маск го нарече поранешниот шкотски премиер Хамза Јусаф „супер расист“

Маск го нарече поранешниот шкотски премиер Хамза Јусаф „супер расист“

Лондон, 12 август 2024 (МИА) - Милијардерот Илон Маск го нарече поранешниот шкотски премиер Хамза Јусаф „супер расистички клошар“, а Јусаф најави дека ќе поднесе тужба, објави британски Телеграф, додавајќи дека тоа го продлабочи стариот спор меѓу двајцата.

Откако Јусеф објави напис во „Сандеј Мејл“ во кој наведе дека ги разгледува сите опции, вклучително и одење на суд, Маск искоментира: „Ајде, разубавете ми го денот!“

Јусеф реагираше на изјавата на Маск во која сопственикот на мрежата „X“ го нарече „супер , супер расист“, додавајќи  дека „ги презира сите бели луѓе“.

Коментарот на Маск е одговор на претходните изјави на Јусаф за него, опишувајќи го како еден од „најопасните луѓе на планетата“ и обвинувајќи го дека се обидува да предизвика граѓански војни во Европа.

Нападите на Маск врз Јусуф се дополнение на неговиот говор од пред три години, во кој тој рече дека многу личности од шкотскиот јавен живот се белци. Тоа на милијардерот му даде повод да го нарече супер расист.

Адвокатот на Јусаф изјави дека Маск со своите запаливи, невистинити и неприфатливи изјави исцртал мета на главата на поранешниот шкотски премиер.

Јусаф денеска на платформата „Х“ напиша дека „милијардите на Маск нема да го спречат да ја спомене поддршката за екстремната десница“, како и дека ја разгледува можноста да започне правна постапка.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан