• среда, 25 декември 2024

Маските се враќаат во Венеција

Маските се враќаат во Венеција
Венеција, 14 февруари 2022 (МИА) - Откако италијанските власти го откажуваа поради пандемијата изминативе две години, традиционалниот Венецијански карневал се враќа на сцената, иако со одредени ограничувања. Прославата се одржува под слоганот „Запомни ја иднината“, инспириран од цитат на Салвадор Дали. Ќе има и виртуелен дел што ќе може да се следи на интернет. Овогодишниот маскенбал се организира во време кога Италија ги олеснува мерките против коронавирусот. Затоа, до 1 март - туристите ќе имаат можност да се шетаат низ градот во костими од 18. век, што на Венеција ѝ дава посебен изглед.  си/

Остани поврзан