• недела, 28 јули 2024

Марш нов тренер на Лидс

Марш нов тренер на Лидс
Лидс, 28 февруари 2022 (МИА) – Премиерлигашот Лидс на својата официјална веб-страница објави дека Џеси Марш е назначен за главен тренер. Договорот со 48-годишниот Американец е пресметан до летото 2025 година. Лидс пред три дена му врачи отказ на Марсело Биелса. Во последните четири натпревари клубот забележа четири порази. Биелса го презеде водството на Лидс на 15 јуни 2018 година. Во сезоната 2019/20, тимот под водство на Биелса го освои чемпионшип и избори пласман во Премиер лигата за прв пат по 16 години. Џеси Марш беше на чело на Лајпциг од 1 јули до 5 декември 2021 година. Под Марш, „Биковите“ освоија само 38,1% од можните поени. Лидс моментално е на 16 место на табелата во Премиер лигата со 23 бода. зс/

Остани поврзан