• сабота, 23 ноември 2024

Маршанд го подобри светскиот рекорд на 200 метри мешано

Маршанд го подобри светскиот рекорд на 200 метри мешано

 

Сингапур, 1 ноември 2024 (МИА) – Францускиот пливач Леон Маршанд постави денеска нов светски рекорд на 200 метри мешано во рамки на третата етапа од Светскиот куп во 25-метарски базени што се одржува во Сингапур.

Французинот постави време од 1:48,88 минути и стана првиот пливач кој ја исплива патеката под 1 минута и 49 секунди на 200 метри мешано, соборувајќи го досегашниот светски рекорд на Американецот Рајан Лохте поставен во 2012 година (1:49,63).

Маршанд, кој освои четири златни медали на Олимписките игри во Париз, вчера постави нов европски рекорд на 100 метри поединечно мешано.

Азиската турнеја ќе ја заврши со утрешната трка на 400 метри поединечно мешано. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан