Марта Кос разговараше со лидерите од Западен Балкан за заедничката европска иднина

Минхен, 15 февруари 2025 (МИА) - Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска соопшти дека разговарала со германскиот дипломат Волфганг Ишингер и лидерите на Западен Балкан за нивната улога во иднината на ЕУ.
„Добра комуникација со амбасадорот Ишингер и лидерите на Западен Балкан за тоа што можат да придонесат за нашата заедничка европска иднина. Сите треба да бидеме погласни за тоа зошто Западен Балкан е важен за ЕУ“, објави Кос на платформата Х. зш/