• сабота, 31 август 2024

Марсело ќе остане во Реал и следната сезона

Марсело ќе остане во Реал и следната сезона
Мадрид, 11 јуни 2021 (МИА) – Одбранбениот фудбалер Марсело ќе помине уште една сезона во Реал Мадрид. Бразилецот ја контактираше управата на клубот за да ја разјасни ситуацијата по информациите за можна негова продажба. Триесет и тригодишниот фудбалер добил уверување дека нема за што да се грижи, објави „Марка“. Реал Мадрид го цени својот заменик-капитен и ја почитува желбата на играчот да го одработи неговиот договор до крајот, кој ќе истече следното лето. Исто така, на одлуката да се задржи Марсело во тимот влијаеше и мислењето на новиот тренер Карло Анчелоти. Марсело игра во Реал Мадрид од 2007 година. За тоа време, тој освои 22 трофеи со клубот. зс/

Остани поврзан