Марсело се расплака за време на прошталната прес-конференција
- Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело не ги задржа емоциите за време на прошталната прес-конференција. Триесет и четиригодишниот Бразилец го напушта мадридскиот клуб ова лето.
![Марсело се расплака за време на прошталната прес-конференција](https://mia.mk/index.php/images/20221113155134_big_730x400_30.webp )
Мадрид, 13 јуни 2022 (МИА) - Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело не ги задржа емоциите за време на прошталната прес-конференција. Триесет и четиригодишниот Бразилец го напушта мадридскиот клуб ова лето.
Марсело не можеше да ги задржи солзите додека зборуваше за соиграчите и вработените во Реал Мадрид кои му помогнале. Фудбалерот ги нарече семејство.
Бразилецот одигра 545 настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи 38 гола и 103 асистенции. Тој е во Реал Мадрид од 2007 година. Како дел од клубот, шест пати стана шампион на Шпанија, пет пати го освои шпанскиот Суперкуп и Лигата на шампионите, три пати го освои Суперкупот на УЕФА и двапати Купот на Шпанија, а четири пати го освои и Светското клупско првенство.
Марсело е најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид со 25 освоени трофеи. зс/
![марсело прес ЕПА](/articles/images/%d0%bc%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%b5%d0%bb%d0%be-%d1%81%d0%b5-%d1%80%d0%b0%d/njb8kdEuj/placeholder.webp?use_watermark=0)