• понеделник, 30 септември 2024

Марсело се извини за исклучувањето и повредата на противникот на натпреварот од Копа Либертадорес

Марсело се извини за исклучувањето и повредата на противникот на натпреварот од Копа Либертадорес

Буенос Аирес, 2 август 2023 (МИА) - Дефанзивецот на Флуминенсе, Марсело се извини за исклучувањето во првиот натпревар од осминафиналето на Копа Либертадорес против Аргентинос Јуниорс (1:1) одигран ноќеска во Буенос Аирес.

 

- Денес морав да издржам многу тежок момент на теренот. Случајно повредив колега. Сакам да ти посакам брзо закрепнување, Лучијано Санчез. Целата сила на светот е за тебе! - напиша Марсело на Твитер.

 

Во 58. минута од средбата, 35-годишниот Бразилец доби црвен картон поради прекршокот над Лусијано Санчез, на кој потоа му беше потребна замена. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан