• петок, 05 декември 2025

Марота: Серија А загуби вредност кога Модриќ доаѓа на 40 години

Марота: Серија А загуби вредност кога Модриќ доаѓа на 40 години


Милано, 27 септември 2025 (МИА) – Претседателот на италијанскиот фудбалски гигант Интер, Џузепе Марота, оцени дека Серија А ја загубила вредноста, а како пример го наведе доаѓањето на Хрватот Лука Модриќ на 40-годишна возраст.
„Серија А загуби вредност и стана преодно натпреварување во кое играчите се само на поминување“, рече 68-годишниот Марота на конференција одржана во петокот на Универзитетот во Милано.
Како пример го наведе летниот трансфер на капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ од Реал Мадрид во Милан.
„Тој е вистински шампион кој дојде во нашата лига, но на 40-годишна возраст“, посочи Марота, кој пред доаѓањето во Интер во 2018 година, работеше во Јувентус, Сампдорија, Аталанта и Монца.ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан