• среда, 27 ноември 2024

Мароко објави амнестија на 5.000 лица осудени за одгледување канабис

Мароко објави амнестија на 5.000 лица осудени за одгледување канабис

Рабат, 20 август 2024 (МИА) - Кралот на Мароко, Мохамед Шести објави амнестија за речиси 5.000 лица осудени или барани во врска со нелегално одгледување канабис, објавија британските медиуми, повикувајќи се на денешното соопштение на Министерството за правда на земјата.

Мароко е главен производител на канабис и од 2021 година дозволи негово одгледување, извоз и употреба за медицински или индустриски цели, но не и за рекреативни цели.

Амнестијата на кралот Мохамед Шести има за цел да ги натера земјоделците „да се свртат кон законската процедура за одгледување канабис за да го зголемат профитот и да ги подобрат нивните услови за живот, рече Мохамед Гуруџ, шеф на мароканската регулаторна агенција за марихуана.

Според официјалните податоци, првата легална култура на канабис во Мароко од 294 тони е собрана во 2023 година. Легалниот извоз на земјата од 2023 година е 225 килограми. Годинашната реколта и извозот се очекува да бидат поголеми бидејќи е зголемен и бројот на дозволи за одгледување.

Речиси еден милион луѓе живеат во области во северниот дел на Мароко каде марихуаната е силно вклучена во економската активност. Таму со генерации се одгледува и пуши канабис.

Легализацијата во 2021 година има за цел да ги подобри приходите на земјоделците и да ги заштити од трговците со дрога кои доминираат во трговијата и нелегално извезуваат канабис.

Мароко, исто така, се обидува да го искористи растечкиот глобален пазар за легален канабис, а неговата влада минатата година даде 54 извозни дозволи. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан