• понеделник, 23 декември 2024

Марк Цукерберг си постави статуа со ликот на сопругата во дворот

Марк Цукерберг си постави статуа со ликот на сопругата во дворот

Лос Анџелес, 14 авгyст 2024 (МИА) - Мултимилијардерот Марк Цукерберг си постави статуа со ликот на својата сопруга Присила Чан во нивниот двор. Зад уметничкото дело, поголемо од природната човекова величина, стои вајарот Даниел Аршам.

„Ја враќам римската традиција на правење скулптури на сопругите“, напиша американскиот милијардер на својот интернет-простор, покрај фотографија од Чан како пие кафе покрај „нејзината“ статуа којашто ја прикажува како некаква „самовила“.

„Штотуку ни го кренавте прагот (на очекувањата) на сите“, „Види го Марк, стар лисец“, „Каков романтичар“ - гласат дел од коментарите.

Присила и Марк се заедно повеќе од 20 години, а во брак се 10 години. Заедно имаат три ќерки кои, интересно, носат имиња инспирирани од Стариот Рим - Максима, Август и Аурелија. Присила по професија е доктор. И двајцата се занимаваат со филантропска работа. си/ми/

Фото: Инстаграм

Остани поврзан