• петок, 19 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Марко Алексовски се пласира во четвртфиналето на турнир во Барселона

Марко Алексовски се пласира во четвртфиналето на турнир во Барселона

Барселона, 14.август 2025 (МИА) - Младиот македонски тенисер Марко Алексовски постигна победа со 2:0 во сетови во мечот од третото коло на тунрирот во Барселона за играчи до 14 години. Алексовски е дел од ИТФ тимот и утре во четвртфиналето ќе игра против првиот носител член исто на ИТФ тимот Франциско Сардиња од Португалија. 

Во денешниот меч во поединечна конкуренција Алексовски постигна победа во два сета - 6:0 и 7:6 (3) против Хозе Луис Вега Понс од Шпанија. Во мечот во конкуренција на двојки Алексовски и Сардиња, кои се први носители постигнаа победа од 2:1 во сетови (6:4; 5:7 и 10-7 на поени).

Утрешниот четвртфинале меч меѓу Алексовски и Сардиња ќе биде вистинско дерби на турнирот во Барселона.   мн/

Фото: МТФ

Остани поврзан