• сабота, 23 ноември 2024

Маркос: Филипини ќе ги остварат своите права во Јужното Кинеско Море

Маркос: Филипини ќе ги остварат своите права во Јужното Кинеско Море

Манила, 21 декември 2023 (МИА) - Филипини ќе ги „остварат своите права“ во Јужното Кинеско Море, изјави денеска филипинскиот претседател Фердинанд Маркос, додека Пекинг ја повика Манила „да донесе рационални одлуки“ во поморските спорови на двете земји. .

-Ќе продолжиме да ги штитиме нашите права во согласност со филипинскиот Устав и меѓународното право, рече Маркос.

Сегашната криза со Пекинг, смета Макрос, ја покажува „храброста и цврстата решеност на Филипините да го заштитат, зачуваат и гарантираат почитувањето на територијалниот интегритет на земјата“.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји го предупреди неговиот филипински колега Енрике Манало дека Манила мора да постапува „внимателно“ по серијата инциденти поврзани со територијалните спорови на двете земји во Јужното Кинеско Море.

-Односите меѓу двете земји се „на пресвртница“, рече Ванг.

Тензиите меѓу Манила и Пекинг ескалираа во последните месеци по повеќе инциденти во Јужното Кинеско Море, кое е во центарот на територијалниот спор меѓу Кина и Филипините. На делови од ова море право полагаат и Тајван, Малезија, Виетнам и Брунеи. сд/

Остани поврзан