• вторник, 24 декември 2024

Марковиќ му ја предаде должноста на Кривокапиќ

Марковиќ му ја предаде должноста на Кривокапиќ
Подгорица, 7 декември 2020 (МИА) - Во Владата на Црна Гора поранешниот премиер Душко Марковиќ му ја предаде должноста на новоизбраниот премиер Здравко Кривокапиќ. Марковиќ на Твитер напиша дека денешната средба и формалното примопредавање на должноста е потврда на демократската содржина, зрелост и одговорност на политиката  на Демократската партија на социјалистите (ДПС). - Да се надеваме дека ова влада ќе работи во интересиот на Црна Гора и сите нејзини граѓани, напиша Марковиќ. Новата Влада на ЦРна Гора избрана е во петокот по тридневната расправа за експозето на Кривокапиќ и членовите на неговиот кабинет. По три децении во Владата не учествува ДПС. ми/

Остани поврзан