• сабота, 31 август 2024

Марка: Кавани ќе се придружи на Виљареал

Марка: Кавани ќе се придружи на Виљареал
Мадрид, 19 јули 2022 (МИА) - Уругваецот Едисон Кавани, кој беше играч на сезоната на Манчестер Јунајтед изминатата сезона, постигнал договор за трансфер со шпанскиот клуб Виљареал, пренесува „Марка“. Напаѓачот, кој по завршувањето на договорот со „црвените ѓаволи“ е слободен агент е избор на тренерот Унаи Емери, со кого веќе соработуваа во ПСЖ. Договорот на Кавани зависи од заминувањето на Пако Алкасер, кој е пред трансфер во Селта. Доколку Кавани стане дел од Виљареал, тоа ќе биде четврто големо Европско првенство за него, по Италија (Палермо и Наполи), Франција (ПСЖ) и Англија (Манчестер Јунајтед). ар/бак/

Остани поврзан