• петок, 05 декември 2025

Марија Нацева ја презеде градоначалничката функција во Неготино

Марија Нацева ја презеде градоначалничката функција во Неготино

Неготино, 10 ноември 2025 (МИА) - Марија Нацева ја презеде градоначалничката функција во Неготино, од досегашниот градоначалник Горан Стојанов. Таа денеска го доби уверението од Општинската изборна комисија. Уверенија добија и новоизбраните членови во Советот на Општина Неготино. 

- Ќе бидам градоначалничка на сите, без разлика на политичка, верска, етничка или било каква друга припадност. Мојата цел е недвосмислена и повеќе од јасна. Неготино да продолжи да расте, да се развива и да биде место каде секој се чувствува слушнат и вреднуван. Очекувам и од сите советници да ја носат својата функција со иста почит и одговорност. Функциите се менливи, но, честа, почитта и довербата добиена од својот народ е нешто што не смееме да го изневериме, напиша таа на „Фејсбук“. 

Нацева, како и претходно Стојанов, беа кандидати за градоначалник на ВМРО - ДПМНЕ. свд/бд/

Фото: „Фејсбук“ - страница на Нацева 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан