• сабота, 23 ноември 2024

Маричиќ ќе ја претствува Владата на неделните координативни средби во Собранието

Маричиќ ќе ја претствува Владата на неделните координативни средби во Собранието
Скопје, 20 ноември 2020 (МИА) - Владата денеска на седница донела одлука министерот за правда Бојан Маричиќ да учествува на неделните координативни средби во Собранието на Република Северна Македонија како претставник од Владата, наместо Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси.
-На денешната седница, Владата заклучи да се измени Заклучокот донесен на Првата седница на Владата, одржана на 1 септември 2020 година, со кој Љупчо Николовски е определен  за претставник на Владата од редот на министрите, којшто ќе учествува на неделните координативни средби во Собранието на Република Северна Македонија и го определи Бојан Маричиќ, министер за правда, за претставник на Владата од редот на министрите, којшто ќе учествува на неделните координативни средби во Собранието на Република Северна Македонија, соопшти вечерва владината прес-служба.
Исто така, Владата донела и заклучок со кој министерот за надворешни работи Бујар Османи бил одреден за потпишување на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, како и придружните ноти на имплементација на Спогодбата во контекст на протоколот за Ирска/Северна Ирска меѓу ЕУ и ОК.
Владата на денешната седница, во делокругот на кадровски прашања го именувала Зоран Петров за Национален координатор за имплементација на национална платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија. сст/дма/

Остани поврзан