• сабота, 23 ноември 2024

Маричиќ: Слободата на медиумите еден од најважните стандарди за демократското општество

Маричиќ: Слободата на медиумите еден од најважните стандарди за демократското општество

Скопје, 3 мај 2023 (МИА) - Слободата на медиумите е еден од најважните стандарди за демократското општество. Во земјите кои го започнале процесот на преговори со ЕУ, како Северна Македонија, тоа е уште поголем предизвик, објави на официјалната Фејсбук страница вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

-Одлична вест за сите кои се бориме за слободата на изразување и правото на информирање. Македонските медиуми се најслободни меѓу земјите од регионот. Годинава сме подобро рангирани од минатата година, 19 места повисоко според новиот извештај на организацијата Репортери без граници. Но, иако сме постигнале напредок, уште има уште работа и предизвици што треба да ги надминеме во оваа област, напиша Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека земјава мора, како и досега, да остане фокусирана на подобрување на медиумската слобода како една од најважните темелни вредности и еден од клучните елементи за успешно преговарање со ЕУ.

-Се движиме во добра насока, се подобруваме и се позиционираме помеѓу најдобрите, додаде Маричиќ. нд/бак/
 
 

 
 

Остани поврзан