• сабота, 16 ноември 2024

Маричиќ: Секој пратеник ќе треба да се соочи со одлуката дали блокадата ќе си ја наметнеме сами или ќе продолжиме напред

Маричиќ: Секој пратеник ќе треба да се соочи со одлуката дали блокадата ќе си ја наметнеме сами или ќе продолжиме напред

Скопје, 31 март 2023

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ при гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 истакна дека има оваа година треба да се посветиме на прашањето со напредокот кон ЕУ и потребните уставни измени, бидејќи имаме неповторлива прилика.
 
-Јас сум убеден дека ќе има и желба и начин и одговорност, нема да биде воопшто лесно и едноставно, меѓутоа секоја политичка партија и секој пратеник во Собранието ќе треба да се соочи со одлуката дали блокадата ќе си ја наметнеме сами на себе, или ќе продолжиме понатаму во фазата на преговори поврзана со отворањето на поглавјата затоа што ќе бидеме подготвени до крајот на оваа година да ги отпочнеме преговорите, нагласи Маричиќ.
 
Маричиќ додаде дека се очекува во ноември годинава да бидат завршени сите кластери во скринингот, кој започна на 15 ноември.
Секретарот Маричиќ истакна дека поларизацијата произлегува, од тоа што недостасува искрен разговор на ниво на политичките партии, околу тоа дали сите, не само номинално, туку и вистински се за членство во Европската Унија под овие услови.
 
-Јас имав неколку разговори и формални и неформални со претставници на опозицијата во Собранието, каде што најпрво побаравме од нив мислење, дури и понудивме некои експертски примери, модели, како може да се зајакне улогата на Националниот совет за европска интеграција, каде што претседава опозицијата, како да му дадеме повеќе сила на тој Совет во процесот на преговори, за да има учество на опозицијата и да ја подели одговорноста, но и славата на процесот. Токму за да се намали таа поларизација. И за да кажеме, немаме проблем како Влада да кажеме дека и опозицијата има удел, одговорност, доколку се спремни таа одговорност да ја преземат. За жал нема соодветен одзив, и ние ќе се обидуваме и во наредниот период, рече Маричиќ
 
-Затоа треба ангажман и од страна на ЕУ, но треба и наша вистинска мобилизација, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ.
 
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

 

 

Остани поврзан