• понеделник, 23 декември 2024

Маричиќ: Позитивните состаноци со Петков водат кон подобрување на односите со Бугарија

Маричиќ: Позитивните состаноци со Петков водат кон подобрување на односите со Бугарија
Скопје, 19 јануари 2022 (МИА) - Оваа прва посета по формирањето на новите влади во Бугарија и Северна Македонија го претставува новиот пристап во разговорите со меѓусебно уважување, отворен дијалог и проширен круг на темите. Таа нова енергија, која беше видлива и на прес конференцијата на премиерите Петков и Ковачевски сега треба да се прошири и стави во функција на конкретни чекори и мерки за нова динамика, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. Тој додаде дека целта на новата динамика е да биде интензивна, продуктивна и да даде резултат во реален и видлив рок. -Затоа договоривме уште во вторник да имаме заедничка меѓувладина седница во Софија. Таму ќе има сериозна бројка на министри од двете страни и ќе се формираат работните групи со што ќе се преземат конкретни должности и ќе се воспостави интензивна динамика на состаноци, кажа Маричиќ. Тој додаде дека тоа ќе донесе конкретни и видливи резултати за градење доверба и ставање пред граѓаните видливо подобрување на односите меѓу двете држави и градење на атмосфера за решавање на отворените прашања и тргање на блокадата. ац/

Остани поврзан