• петок, 20 декември 2024

Маричиќ: Подготвени сме за фер и демократски избори, очекувам фингерпринтите да се употребат

Маричиќ: Подготвени сме за фер и демократски избори, очекувам фингерпринтите да се употребат
Скопје, 3 септември 2021 (МИА) - Нема расположение за одлагање на локалните избори, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ, кој, во врска со набавени и пуштени во употреба апарати за отпечатоци од прсти кои беа услов на опозицијата, рече дека е многу посоодветно да се направи и корекција во законот и да се овозможи верификација на идентитетот на гласачот како и досега. - Всушност го предвидовме и стариот начин на идентификација гласачи, но онаму каде ќе има техничка неможност да се користи фингерпринтот, односно веќе оставивме алтернатива, нагласи Маричиќ, во гостувањето на ТВ21. Тој додаде дека доколку не се стаса за овие, апаратите ќе се употребат за наредните избори. - Ние на време направивме законска измена и обезбедивме средства како Влада, а сега се е во рацете на ДИК. Мислам дека е можно да се имплементира системот до почетокот на изборите. Ако не, ќе треба да се направи промена во методот на идентификација на гласачот, изјави министерот за правда. Според Маричиќ, изборите не треба да се одложат, бидејќи така и мандатите на градоначалниците ќе бидат продолжени, иако досега сме имале такви искуства. - Државата е подготвена за фер и демократски избори. Во последните четири години имаме успешна слика за тоа како организираме избори, заклучи Маричиќ. см/рп/

Остани поврзан