Маричиќ: Остануваме партнери во економско и социјално зајакнување на ранливите групи
- Не постои траен мир без социјална правда и да бидеме солидарни денес, за да опстоиме сите заедно утре, се дел од пораките на првите страници на списанието „Лице в лице“, издание посветено на

Скопје, 28 март 2022 (МИА) - Не постои траен мир без социјална правда и да бидеме солидарни денес, за да опстоиме сите заедно утре, се дел од пораките на првите страници на списанието „Лице в лице“, издание посветено на темата социјална правда, напиша заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ на неговиот фејсбук-профил.
- Работниот ден го завршувам со посетата на Кико на Секретаријатот за европски прашања. Ја продолжуваме нашата дружба и остануваме партнери во економско и социјално зајакнување на ранливите групи. Наша должност е да даваме поддршка и свој придонес кон зајакнување на ранливите категории на граѓани и кон градењето на инклузивно општество, објави вицепремиерот Маричиќ. цр/ир
