• недела, 28 јули 2024

Маричиќ: Најтешкиот кластер Темели може да влијае врз напредокот во преговорите на сите други кластери

Маричиќ: Најтешкиот кластер Темели може да влијае врз напредокот во преговорите на сите други кластери
Скопје, 14 октомври 2022 (МИА) - Во најновиот Извештај на ЕК генералното ниво на оценки за земјава е еднакво  или подобро од минатата година, а најтешкиот кластер Фундаментални вредности (Темели) кој прв се отвора и последен се затвора, е важен поради можноста да влијае врз напредокот во преговорите на сите други кластери. Сверена Македонија генерално стои најдобро во однос на другите држави од регионот со средна оценка 3, наспроти Црна Гора која има оценка 2,9 и Србија со 2,6 кои преговараат веќе десет години.
Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на панел-дискусијата „Со сите капацитети до европски стандарди – институции кои испорачуваат за граѓаните“ во рамки на настанот посветен на Извештајот на ЕК: „На Европскиот пат: нови реформи, нови можности”, во организација на Секретаријатот за европски прашања. Тој нагласи дека вкупната оценка за земјата е добро ниво на подготвеност, а она што радува посебно, вели, е дека нема забележано назадување во клучните области што покажува стабилен континуитет во реформите, кои е потребно да ги забрзаме за да ја подигнеме оценката.
-Имаме три патокази кои се многу важни кои врз основа на овој Извештај и врз основа на скринингот ќе треба да ги направиме до крајот на првиот квартал на идната година, тоа се патоказот за владеење на правото, патоказот за реформи во јавна администрација и патоказот за функционирање на демократските институции. Ова се нови инструменти од кои првите два се направени на ниво на репери или неопходни услови за нивно усвојување пред отварањето на преговорите во делот на кластерот Темели, нагласи Маричиќ.
Во делот на демократските институции тој меѓу другото кажа дека построга е оценката во делот на Собранието, и е предмет на остра критика поради активната блокадата на опозицијата, одлични оценки има за локалните избори со препорака за ревизија на изборното законодавство, за пописот, за заклучувањето на Договорот со ФРОНТЕКС, во делот на јавните набавки се констатира потреба за модернизација на системот.
-Имаме неколку крупни работи кои што сме ги направиле минатата година и затоа имаме добри оценки и можеме и да се пофалиме. Меѓутоа она што останува битно се два аспекти - Собранието и подобрување на неговата функционалност и тука е потребен напор од сите, а пред се, оние што имаат како политичка стартегија блокада на Парламентот и второ продолжение на реформите во правосудството. Имаме сериозни кадровски поместувања, треба да се комплетира составот на Уставен суд, како и составите на Судски совет и Совет на јавни обвинители, наскоро ќе треба да се бира и нов обвинител за организиран криминал и корупција. Таа слика до наредната година ќе треба да биде таква да добиеме позитивен извештај и стабилни судски институции за да може да се бори активно со корупцијата и криминалот, подвлече Маричиќ.
Во контекст на дебатата за борбата против корупцијата Маричиќ рече дека тоа е прашање кое е хоризонтално присутно низ сите поглавја, а само ќе јакне улогата на Анитокурпциската комисија и ќе продолжи да се зајакнуваат нејзините капацитети нагласувајќи дека изминатите пет години удвоен е бројот на вработени, доби нови простории и опрема преку ИПА-проекти.
Шефот на дипломатијата Бујар Османи изрази задоволство дека светла точка на годинешниот Извештај е надворешната политика.
-Надворешната политика е единственото поглавје коешто доби највисока оценка и за напредокот во текот на годината, односно многу добар напредок единствен, но и во вкупната  кумулативна подготвеност доби оценка добра подготвеност. Всушност круна на овој извештај е надворешната политика и тоа поради две основни причини - интензивните напори за историскиот момент почнување на преговори и второ, усогласување на надворешната и безбедносна политика со таа на ЕУ  на ниво на 100 проценти за првпат во нашата историја. Ова не само што е препознавање на работата што ја направивме како МНР и како Влада во целина, меѓутоа е и обврска да продолжиме понатаму, бидејќи повеќе од ова во следниот Извештај не знам што можеме да добиеме, но треба да го задржиме резултатот, истакна Османи.
Тој не очекува во наредните години да има отстапувања од ваквата зацртана насока на надворешната политика иако е тоа вели жива материја, бидејќи, како што вели, освен една антисистемска политичка партија, која е во функција на руската пропаганда, кај мејнстрим партиите нема некои дилеми во однос на следењето на надворешната политика на ЕУ. Тоа може да биде доведено под ризик само доколку антисистемските партии добијат на сила. Во однос на перцепцијата кај граѓаните по однос на руската агресија, смета дека е тоа повеќе реакција на фрустрација заради некои забавени други процеси и непринципиелни политики, а што се манифестираат како став кон руската агресија или други држави.
- Ова прашање е многу важно бидејќи и тоа на некој начин ќе детерминира каков ќе биде ставот на политичките субјекти па евентуално утре и на државата кон надворешната и безбедносна политика на ЕУ, вели Османи.
За заменик министерот за финансии Филип Николоски во делот на финансиите во Извештајот е посебно нагласено значењето на донесувањето на Законот за буџети со којшто се донесени битни новини усоглаени со Директивите за буџетска рамка на ЕУ. Една од нив е формирањето на Фискален совет кој ќе дава свој импакт во трошењето на буџетските пари, како и среднорочно планирање во делот на буџетирањето односно спорведување на петгодишна фискална стратегија и најбитно што во делот на буџетско планирање се предвидува да се планира интегриран систем на сите сите буџетски корисници во делот на контролата планирањето и спроведувањето на буџетот.
Прашан во делот на финансирање на фискалните дефицити, односно управувањето со долгот, Николоски нагласи дека државата има донесено фискална стратегија за висината на долгот со која се предвидува постепено намалување на буџетскиот дефициот од 5,3 отсто предвиден со ребалансот оваа година на 2,8 проценти во 2027 година што е согласно Мастришките критериуми.
-Оваа недела се покажа дека Владата води здрави финансики политики бидејќи ММФ даде зелено светло за ПЛЛ аранжам со кој ќе можеме да повлекуваме средства со многу пониски камати од реалната цена на капиталот на светските пазари. Пред десетина дена тоа го потвдија и Дојче банк каде земавме еден вид обврзница со двојно пониски камати од реалната цена на пазарот. Со тоа покажуваме дека внимаваме во делот на дефицитот и на начинот на задолжување. Дефицитот за оваа година комплетно е финансиран и е потврден со цена која не е повисока од 4 процентни поени што е двојно помалку кога сега би издале еврообврзница која би чинела над 8 - 8,5 проценти. Таа разлика прави заштеда од над 25 милиони евра годишно. Треба да се внимава и на расходната страна и треба рационално да се користат средствата од буџетските корисници. Со планот на Владата за консолидација за фискална одржливост ќе настојуваме сите почнувајќи од Влдата и сите во јавниот сектор да е намалат трошоците, а да се задржи ефективноста односно степенот на работа, вели Николоски.
На настанот се воведни обраќања имаа претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски чешкиот амбасадор Јарослав Лудва и амбасадорката на Кралството Шведска. вг/ац/

Остани поврзан