• среда, 25 декември 2024

Маричиќ - Коен: Осуда за нападите и надеж за решавање на конфликтот меѓу Израел и Палестина

Маричиќ - Коен: Осуда за нападите и надеж за решавање на конфликтот меѓу Израел и Палестина

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Во време на предизвици, човечката солидарност е најсилната порака за поддршка. Силно ги осудуваме нападите врз цивилното население со надеж за скорешно решавање на конфликтите помеѓу Израел и Палестина, напиша денеска на Фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по средбата со делегацијата на Израел, министерот за надворешни работи Ели Коен.

Како што потенцира Маричиќ, политиките на дијалог и разбирање се основа за одржувањето на мирот и стабилноста во Европа и светот. Тој појаснува дека предизвиците можат да се надминат само преку дијалог, соработка и заедничко почитување.

-Ние, остануваме посветени на решавање на конфликтите и против секое дејство што ги загрозува безбедноста и сигурноста на невините животи, додава Маричиќ.бт/аа/

Фото/ Фејсбук страница на вицепремиерот Бојан Маричиќ

Остани поврзан