• недела, 22 декември 2024

Маричиќ: Извештајот ќе биде наш водич за нови реформи

Маричиќ: Извештајот ќе биде наш водич за нови реформи
Скопје, 12 октомври 2022 (МИА) - Уште еден позитивен Извештај на Европската комисија за 2022 година. Следува анализа и точно мапирање на областите на кои треба да се фокусираме и со силни напори и повеќе реформи да направиме голем чекор напред на патот кон ЕУ, објави вечерва вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на неговиот официјален фејсбук профил. Маричиќ присуствуваше на средбата во Владата на која шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, на премиерот Димитар Ковачевски му го предаде годишниот Извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022, прв после отворањето на преговорите со Европската Унија. -На средбата евроамбасадорот Гир ги пренесе пораките од Европската комисија која го поздравува почетокот на преговарачкиот процес, одржувањето на меѓувладината конференција и напорите кои ги правиме за забрзување на патот кон ЕУ. Новиот Извештај, со сите забелешки и укажувања за напредокот на Северна Македонија, доаѓа во текот на скрининг процесот и несомнено ќе биде наш водич за нови реформи, стои во објавата на Маричиќ. вг/лв/

Остани поврзан