• понеделник, 23 декември 2024

Маричиќ го пречека Милановиќ на аеродромот во Охрид

Маричиќ го пречека Милановиќ на аеродромот во Охрид
Охрид, 16 јуни 2022 (МИА) - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ, кој штотуку слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Како што соопштија од СЕП, вицепремиерот Маричиќ му посака добредојде на нашиот голем пријател, претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ и изрази големо задоволство од неговата посета и учеството на Преспа форумот за дијалог, на кој несомнено ќе даде вреден придонес во дводневните дискусии за актуелните  безбедносни, политички и економски прашања со кои денес се соочуваат Европа и Западниот Балкан.

Форумот ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски, а претсеадтелот на Хрватска Зоран Милановиќ ќе се обрати на првата сесија на високо ниво на која според најавите ќе говорат и претседателите на Слованија Борут Пахор, на Косово Вјоса Османи - Кадриу и претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ. вг/

Остани поврзан