• четврток, 26 декември 2024

Маричиќ: Ваков СДСМ ќе донесе позитивно промени во политиката и начинот на којшто таа се спроведува

Маричиќ: Ваков СДСМ ќе донесе позитивно промени во политиката и начинот на којшто таа се спроведува
Скопје, 16 мај 2021 (МИА) - Продолжуваме здружени во нови победи! Ваков СДСМ ќе донесе позитивно промени во политиката и начинот на којшто таа се спроведува, напиша на Фејсбук министерот за правда Бојан Маричиќ, изразувајќи благодарност на сопартијците кои му дадоа доверба и повторно го избраа за секретар за меѓународна соработка на партијата.
-Пред малку Централниот одбор на СДСМ повторно ме избра за секретар за меѓународна соработка на партијата. Се заблагодарувам за довербата, со ветување дека и во новиот мандат ќе продолжам да работам посветено на промоцијата на СДСМ во светот и градење уште по цврсти врски со нашите пријатели и сојузници, како и остварување на стратешки цели на државата. Им го честитам и изборот на потпретседателите на партијата Оливер Спасовски, Мила Царовска, Фатмир Битиќи и Венко Филипче и им посакувам многу успех во извршувањето на задачите и обврските. Исто така му го честитам реизборот на Љупчо Николовски за генерален секретар на партијата и на Мартин Попов за организациски секретар, напиша на Фејсбук министерот Маричиќ по одржувањето на 26. конгрес на партијата. дма/мч/

Остани поврзан