• вторник, 24 декември 2024

Маричиќ-Пич: Западен Балкан да остане на патот кон ЕУ, но истовремено и приоритет на ЕУ

Маричиќ-Пич: Западен Балкан да остане на патот кон ЕУ, но истовремено и приоритет на ЕУ
Минхен, 18 февруари 2023 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција се сретна со специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Стјуарт Пич.
 
-Дијалогот за Западен Балкан е клучен во обезбедувањето стабилност и просперитет. Низ конструктивен разговор со Стјуарт Пич, специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан,во рамки на Минхенската конференција за безбедност ја потврдивме потребата Западен Балкан да остане на патот кон ЕУ, но истовремено и приоритет на ЕУ, особено сега кога Европа се соочува со безбедносни предизвици, објави вицепремиерот на својор Фејсбук профил. 
 
Тој додаде дека безбедносната криза во Европа е причина плус за обединување и моментум кој државите од Западен Балкан треба да го искористат за напредок на целиот регион кон ЕУ. ац/

Остани поврзан