• вторник, 24 декември 2024

Мариа Дибиаџо од Ранковце номинирана за наградата Европска жена на годината 

Мариа Дибиаџо од Ранковце номинирана за наградата Европска жена на годината 

Крива Паланка, 6 март 2024 (МИА) - Мариа Дуда Дибиаџо, претприемач, филантроп и хуманист од Ранковце, е една од годинашните номинирани жени за наградата Европска жена на годината за 2024 година од страна на Бјорн Габриел, шеф на претставништвото  Европската инвестициска банка и Европската куќа Крива Паланка.

Марија е претприемничка од Ранковце која ја започнала својата кариера во областа на спортот и физичкото воспитување. Од локален бренд за спортска облека, се проширува низ Европа применувајќи ги принципите на кружна економија. Фокусот на вработување жени со помалку можности е она што ја издвојува од останатите. 

Дибиаџо е пионер во примена на хипотерапија за лицата со попреченост. 

-Почестена сум од номинацијата и изборот да бидам дел од тие седум храбри и моќни жени кои оставиле нешто вредно за номинација од делегацијата на ЕУ.  Она што мене секојдневно ме мотивира, одржува и ми дава континуирана енергија, е промената што ја гледам во женското претприемништво оваа деценија во која сум присутна со отварање на, сега за сега, две компании во државата, една во Европа и уште една во Америка. Храброста на младите да создаваат промени во татковината, особено жените, ме прават горда. Моја движечка сила се сите мои спасени животни на ранчот „Ретрит" во Ранковце, со кои секојдневно создаваме насмевки, спомени и можности за секого, па и за оние помалку прифатените, лицата со попречености, вели Дибиаџо.

Добитник е на неколку награди за својата хуманост и филантропија, а за нејзиното претприемништво е препознаена во Западен Балкан, активно промовирајќи ги човековите права, одржливоста и здравјето преку работилници. 

-Сакам да ја видам Македонија како се носи со сите светски промени затоа што и ние имаме прекрасни нешта да споделиме со светот, додава Дибиаџо.

Гласањето за номинацијата трае до 7 март 2024 година. ид/дма/

 

 

 

Остани поврзан