• вторник, 24 декември 2024

Мареј: Јужна Америка заслужува свои Мастерси

Мареј: Јужна Америка заслужува свои Мастерси

Лондон, 26 февруари 2024 (МИА) - Британскиот тенисер Енди Мареј би сакал да се играат Мастерс турнири во Јужна Америка.

- Непопуларно мислење. Јужна Америка заслужува свој дел од тениската сезона со своја серија на турнири и Мастерс. Поддршката од навивачите на овие турнири е неверојатна. Неверојатна атмосфера и очигледно дел од нивната спортска култура. Вамос, АТП! – напиша трикратниот Грен слем шампион.

АТП Мастерс 1000 е серија од девет тениски турнири кои се играат во текот на годината во Европа, Северна Америка и Азија. 

Серијата ги вклучува најпрестижните тениски турнири во машка конкуренција по четирите Гренд слем турнири и АТП завршниот Мастерс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан