Мареј доби вајлд-карта за турнирот во Сан Диего
- Трикратниот грен слем шампион Енди Мареј доби вајлд-карта за турнирот во Сан Диего.

Сан Диего, 14 септември 2021 (МИА) - Трикратниот грен слем шампион Енди Мареј доби вајлд-карта за турнирот во Сан Диего.
Британскиот тенисер периодов игра Челинџер во Рен, Франција и засега се пласираше во второто коло.
Специјални покани од организаторот добија уште и Кеи Нишикори и Брендон Накашима.
Турнирот во Сан Диего ќе почна на 27 септември. зс/