• понеделник, 23 декември 2024

Мареска: Управата не бара од мене Челзи да се бори за ЛШ или да ја освои Премиер лигата сезонава

Мареска: Управата не бара од мене Челзи да се бори за ЛШ или да ја освои Премиер лигата сезонава

Лондон, 27 август 2024 (МИА) – Тренерот на Челзи, Енцо Мареска проговори за целите на „Сините“ во тековната сезона.

- Нашата цел во моментов е да направиме подобри играчи и да разбереме што можеме да подобриме. Сопствениците едноставно побараа да се подигне нивото на играчите и тимот. Од нас не се бара да се бориме за титулата во Премиер лигата или Лигата на шампионите оваа сезона. Нереално е да се бориме за шампионатот оваа сезона. Мислам дека ќе можеме да изградиме нешто значајно со текот на времето - ќе бидат потребни месеци, години.
И тогаш можеме повторно да се бориме за трофеи. Ова не е процес каде што можете одеднаш да започнете да се натпреварувате веднаш. Од Манчестер сити и Арсенал се разликуваме по тоа што во Сити тренерот не е сменет 8 или 9 години, а во Арсенал 4-5 години. Челзи со нов тренер работи само два месеца. Мислам дека ова е најважната разлика, изјави мареска.

По првите две кола во новата премиерлигашка сезона, Челзи има половичен успех – пораз од Манчестер сити и победа над Вулверхемптон. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан