• сабота, 31 август 2024

Марез хоспитализиран поради труење со храна

Марез хоспитализиран поради труење со храна

Џеда, 16 септември 2023 (МИА) - Лоши вести доаѓаат од Саудиска Арабија. Според арапските медиуми, Ријад Марез ненадејно бил хоспитализиран поради здравствени проблеми. 

 

Само неколку дена откако фудбалерот се ожени, одигра пријателски натпревар со Сенегал, а по триумфот на неговата селекција почувствува здравствени проблеми.

 

Тој бил хоспитализиран во Џеда откако почувствувал болки во стомакот, а првите анализи наводно покажале присуство на бактерии во стомакот, па се сомнева дека бил отруен во еден од тамошните ресторани. За жал, труењето не беше безопасно и Марез мораше итно да биде хоспитализиран за да му се направат дополнителни прегледи и да се следи неговата состојба. 

 

По освојувањето на тројната круна со Манчестер сити, Марез потпиша договор во Саудиска Арабија каде стана играч на Ал Ахли. зс/

Остани поврзан