• петок, 05 декември 2025

Марез става крај на репрезентативната кариера по СП 2026

Марез става крај на репрезентативната кариера по СП 2026


Алжир, 10 октомври 2025 (МИА) – Фудбалерот на саудиски Ал Хилал, Ријад Марез ќе го одигра својот последен натпревар во дресот на Алжир на Светското првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, пренесуваат денеска светските агенции
Триесетичетиригодишниот Марез постигна гол и запиша две асистенции во вчерашната победата на Алжир од 3-0 над Сомалија, со што алжирскиот тим по четврти пат во својата историја избори мундијалски настап.
„Ова ќе биде моето последно Светско првенство. Јас не сум Роналдо (40 години - н.з.). Ќе дадам сè од себе повторно за да го направам турнирот што е можно подобар“, изјави Марез за алжирските медиуми.
Марез досега во дресот на Алжир одигра 106 натпревари на кои постигна 33 голови.
„Доминиравме во квалификациите од почеток до крај. Последната победа беше многу важна и среќен сум што помогнав со две асистенции. Среќни сме што официјално се квалификуваме за Светското првенство“, додаде поранешниот играч на Манчестер Сити. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан