Марез официјално во Ал Ахли
- Досегашниот фудбалер на Манчестер сити, Ријад Марез, ќе ја продолжи кариерата во саудискиот прволигаш Ал Ахли, потврдија денеска двата клуба.

Лондон, 28 јули 2023 (МИА) – Досегашниот фудбалер на Манчестер сити, Ријад Марез, ќе ја продолжи кариерата во саудискиот прволигаш Ал Ахли, потврдија денеска двата клуба.
Британските медиуми јавија дека 32 - годишниот алжирски репрезентативец е вреден 30 милиони фунти.
Марез беше член на Сити од 2018 година кога дојде од Лестер.
Алжирецот го напушти Лестер по сензационалното освојување на англиската титула, а потоа во дресот на Манчестер сити освои уште четири премиерлигашки титули, како и еден трофеј во Лигата на шампиони. ег/паг/
Фото: Фејсбук