• вторник, 19 ноември 2024

Манчини: Премногу е рано да зборувам за мојата иднина

Манчини: Премногу е рано да зборувам за мојата иднина
Палермо, 24 март 2022 (МИА) – Селекторот на Италија, Роберто Манчини, по вечерашниот пораз од македонската фудбалска репрезентација (0:1) го спореди неуспехот околу пласманот на Светското првенство со освојувањето на УЕФА ЕУРО 2020. - Тоа беше најубавото искуство во мојот живот, ова беше најголемото разочарување. Прерано е да се зборува за иднината. Не можеме да кажеме ништо, тоа е фудбалот, понекогаш се случуваат неверојатни работи и тоа се случи. Морам да кажам, сега повеќе се грижам за моите момци отколку во јули. Ова е толку тежок момент, мојата наклонетост кон нив е огромна. Премногу е рано да се каже што ќе се случи понатаму, бидејќи има такво разочарување, но во исто време ова е тим од одлични играчи со светла иднина, изјави Манчини. Италија го освои Европското првенство минатата година, но сепак не успеа да се квалификува на Светско првенство втор пат по ред. зс/

Остани поврзан